• недела, 22 декември 2024

Поднесени 17 милиони барања за влезници за Мундијалот во Катар

Поднесени 17 милиони барања за влезници за Мундијалот во Катар
Цирих, 8 февруари 2022 (МИА) – За Светското фудбалско првенство во Катар во продажба ќе бидат пуштени нешто повеќе од два милиони билети, а заклучно со првата фаза која заврши денеска се понесени барањат за речиси девет пати повеќе, или, над 17 милиони влезници, соопшти ФИФА. Најголемиот број барања за влезници, околу 1.8 милиони, се однесуваат за финалниот натпревар, кој ќе се одигра на 18 декември. - Од вкупниот број барања за влезници најголемиот дел се поднесени од државјани на Катар, но во голем број барања се пристигнати и од светските фудбалски центри, вклучувајќи ги Англија, Бразил, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, САД, Франција, Индија и Мексико, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА). Првата фаза од продажбата на влезниците почна на 19 јануари, а кој успеал да дојде до влезници ќе биде објавено на 8 март. ег/

Остани поврзан