• петок, 22 ноември 2024

Поднесена кривична пријава против битолчанец за две дела „тешка кражба“, крадецот приведен

Поднесена кривична пријава против битолчанец за две дела „тешка кражба“, крадецот приведен

Скопје, 14 август 2023 (МИА) - Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното Јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, осомничен дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик.

- Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка, соопштија денеска од МВР.

Појаснувааат дека Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. цр/дма/

Фото:МИА

 

Остани поврзан