• петок, 05 декември 2025

Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ

Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ

Скопје, 1 април 2025 (МИА) – Во Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. 

Иницијаторите за смена на актуелното раководство на КФСМ се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но не им беше дозволена точката да се стави на дневен ред на Собранието.

Со оглед обезбедена поддршка од мнозинството клубови, се очекува поранешниот македонски репрезентативец, Младен Ѓуроски да дојде на чело на Федерацијата.

Вонредно собрание КФСМ треба да закажи за најдоцна две недели, во спротивно иницијаторите имаат право сами да се организираат. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан