• сабота, 21 декември 2024

Подметнат пожар во Парламентот на Кејптаун, уапсен подметнувачот

Подметнат пожар во Парламентот на Кејптаун, уапсен подметнувачот
Кејптаун, 3 јануари 2022 (МИА) - Јужноафриканската полиција денеска соопшти дека обвинила 49-годишен маж за подметнување пожар, кој нанел голема штета на зградата на Националниот парламент во Кејптаун. Пожарот избувна во неделата рано наутро во парламентарниот комплекс, чиишто делови датираат од 1884 година, а го опфаќа и Народното собрание, односно Долниот дом на Парламентот. Од пожарот паднал покривот на дел од комплексот и го уништил целиот кат. Според соопштението на елитната полициска единица, осомничениот, уапсениот 49-годишен маж, се очекува да се појави пред суд во вторник каде ќе се соочи со обвиненијата за подметнување пожар и кражба. „Тој, наводно, влегол преку прозорецот на една од канцелариите“, изјави полицискиот портпарол за телевизијата NCA, додавајќи дека истрагата продолжува за тоа како осомничениот успеал да го избегне обезбедувањето во Парламентот. Член на градската управа на Кејптаун задолжен за безбедност рече дека пожарникарите се уште се справуваат со „жешките точки на четвртиот кат на Националното собрание“. Официјални лица потврдија дека пожарот избувнал во канцелариите на третиот кат и дека брзо се проширил во собраниската сала на Долниот дом, јави известувачот на британскиот јавен сервис од Кејптаун. - Во пожарот нема повредени, изјави портпаролот на противпожарната служба на Кејптаун, Џермејн Карелси, додавајќи дека во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 35 пожарникари. По неколкучасовна интервенција тој е локализиран. паг/  

Остани поврзан