• вторник, 26 ноември 2024

Поддршка од ФИС за развој на македонското скијање

Поддршка од ФИС за развој на македонското скијање
Пекинг, 13 февруари 2022 (МИА) – Важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и скијачкиот спорт, беа разгледани на средбата која претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски ја оствари со претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) Јохан Елиаш на маргините на Игрите во Пекинг. На средбата, како што соопшти денеска МОК, Елиаш даде „апсолутна поддршка на сите барања од страна на Димевски кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ“. Првиот човек на МОК оствари средба и со членот на Меѓународниот олимписки комитет Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на комисиите за односи со јавност и социјален развој преку спортот. Димевски и Грабар – Китаровиќ разговараа за „нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија“, се додава во соопштението на МОК.ег/свс

Остани поврзан