• петок, 22 ноември 2024

Поголемиот број африкански држави повторно дозволуваат меѓународни летови

Поголемиот број африкански држави повторно дозволуваат меѓународни летови
Јоханесбург, 6 јули 2020 (МИА) - Египет веќе ги отвори аеродромите за меѓународните летови, а и другите африкански држави ќе го следат примерот и покрај тоа што на континентот има повеќе од 463.000 лица инфицирани со Ковид-19. По избивање на пандемијата, Сејшели долго време немаа нитуе еден случај, се додека новиот коронавирус не беше увезен на островот. Затоа Сејшели не плнираат да дозволат меѓународнби патнички летови се до 1 август. Претставниците на африканските држави тврдат дека континентот се соочува со прва рецесија во изминатите 25 години. Во последните три месеци земјите забележале загуба од речиси 55 милијарди приходи од туризмот. Додека авиокомпаниите изгубиле околу осум милијарди долари. Поголемиот број африкански земји ги укинаа меѓународните летови по избивање на пандемијата. Но, тоа негативно влијаеше на набавката на лекови и вакцини за другите болести, но го пролонгира и премот на пратки со заштитна опрема и тестови за новиот коронавирус. Сенегал најави отворање на аеродромите за меѓународни летови од 15 јули, Нигерија од 8 јули, а Руанда од 1 август. Во Јужна Африка и Сомалија веќе има домашни летови, а Камерун, Екваторијална Гвинеја, Танзанија и Замбија дозволија комерцијални летови, а Кенија повторно дозволува меѓународни летови. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан