Поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ одржаа заедничка литургија во Охрид
- Кога очите ни се отворени и кога имаме мир во душтата, верба и му се обраќаме на Господ, тој делува во нас, за нас и околу нас, а кога во нашето срце има гордост, себичност колку и да се трудиме, да даруваме и живееме во подвиг, по правило благодетот на Светиот дух не делува, или не може да се почувствува, изјави денеска поглаварот на Српската православна црква (СПЦ) г.г. Порфириј во беседата по светата архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид, што ја одржаа заедно со поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, придружувани од епископи од двете цркви.
Охрид, 5 јуни 2023 (МИА) - Кога очите ни се отворени и кога имаме мир во душтата, верба и му се обраќаме на Господ, тој делува во нас, за нас и околу нас, а кога во нашето срце има гордост, себичност колку и да се трудиме, да даруваме и живееме во подвиг, по правило благодетот на Светиот дух не делува, или не може да се почувствува, изјави денеска поглаварот на Српската православна црква (СПЦ) г.г. Порфириј во беседата по светата архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид, што ја одржаа заедно со поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, придружувани од епископи од двете цркви.
Повод за Светата архиерејска литургија е годишнината од врачувањето на актот на Соборот на СПЦ од страна на српскиот патријарх Порфириј на архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан со кој СПЦ одобри и упати благослов за автокефалност на МПЦ-ОА, со што се стави крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
На празникот Духовден, роденденот на црквата, српскиот патријарх посочи дека црквата е една.
Црквата е телото Христово, а Господ глава на тоа тело. И не постојат повеќе цркви, постои само една Света соборна и апостолска православна црква. Секако постојат администрации, епископии, митрополии на автокефалните цркви. Но секоја афтокефална црква се потпира на Господ како нераскинливо единство со сите помали цркви. Во исто време секоја автокефална црква, како и секоја епископија е полна црква, бидејќи во црквите каде се служи света литургија присутна е целта на Христос. Оттука, црквата е над сите поделби, рече г.г. Порфириј.
Архиеписокопот охридски и македонски г.г. Стефан на српскиот патријарх и архиереите, од, како што нагласи, сестринската црква, им посака добредојде во светиот Охрид.
- Добродојдовте Ваша светост и добро се најдовте овде во древниот Охрид и во „Света Софија“, во градот, славната престолнина и во храмот, небозмениот сведок и хроничар, кој пред една година во својата меморија го забележа историскиот настан со кој се врати некогашната слава и со кој конечно се тргнаа сите неправди и понижувања од времињата минати. Со настанот од пред една година Охрид е повторно горд, а „Света Софија“ како некогаш, така исполнета со радост, а со нив и со сите нас се радуваат и Свети Климент, Свети Наум и сите богоугодници и црквољупци, кои се вградиле во духовниот раст на верниот народ и во црквата Божја во оваа богоблагословена македонска земја, рече г.г. Стефан.
Според него, секое добро што се случува во светот е дело преку Светиот дух. Оттаму неговото присуство и во секоја поединечна личност и во одделните црковни заедници и во помесните цркви и во црквата вопшто како едно тело Христово е ленсо воочливо и се согледува во сечии дела и плодови.
А ние допуштајќи во нас да делува утешителот и во тешките две и пол столетија во неканонското забранување на дејноста на Охридската архиепископија како богољубив народ покажавме дека нашиот однос со Бога е многу длабок, што никакви надворешни условени пречки неможат да го нарушат. Силината на нашата љубов кон троичниот Бог ја докажувавме преку претрпување на сите искушенија докажувајќи дека сме вистински чеда и наследници на Бога и сонаследници Христови, истакна поглаварот на МПЦ-ОА.
Тој рече дека откако сме препознаени како полноправни членови и органи на едната Света соборна апостолска црква, пред нас е, како што посочи „уште една поголема обврска и посвета должност пред се православната екумена непрестојно да го сведочиме духот божји, духот на љубовта, преобразувањето, разбирањето, духот кој ги разрушува оградите кои непријателот не поттурнува да го издигнуваме едни против други“.
-Духот кој во делбите и недоразбирањата ги преобразува во единство и разбирање. Духот, кој ги обединува распрснатите народи и луѓе. Духот кој од личности кои се во меѓусебно натпреварување не прави едно тело собирајќи не во небоземната заедница на саможртвената љубов собирајќи не во црквата. Ако живееме во духот, во духот сме должни и да постапуваме чувајќи го единството на духот преку врските на мирот, секогаш барајќи го она што служи за мир и заедно подобрување еден на друг. Дали успеавме во тоа се познава по плодовите што ги носиме. А плодовоите на духот пак се љубов, радост, мир, добро, трпеливост, благост, добрина верност, ...., додаде г.г. Стефан во беседата.
Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го одликува српскиот партијарх со орден на Свети Кимент Охридски од прв ред, за покажаната љубов кон нашата црква. Додека српскиот патријарх г.г. Порфириј на македонскиот архиепископ му подари златно жезло. сс/ац/
Фото МИА