• недела, 22 декември 2024

Поглаварите на верските заедници повикуваат на соживот и почитување на државните симболи и симболите на сите етнички заедници

Поглаварите на верските заедници повикуваат на соживот и почитување на државните симболи и симболите на сите етнички заедници

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Поглаварите на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската зедница ги повикаа сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред обидите за нарушување на соживотот во државата. 

Во соопштението упатено по денешната средба во Скопската епархија се наведува дека треба да се продолжи со продлабочување на меѓусебната солидарност и да се запази почитта едни кон други, кон државните симобили на државата и кон симболите на сите етнички заедници во неа.

- Средбата на разнообразни култури, носи можност за благородување на духот на човекот и за зголемување на креативноста на целото општество. Бог ни дал да живееме во една заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на МПЦ Охридска Архиепископја, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелистичко методистичката црква и Еврејската зедница ги повкуваме сите македонски граѓани да не потклекнуваат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја продлабочуваме меѓусебната солидарност и да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државнните симобили на нашта татковина, и кон симболите на сите етнички заедници во неа, се наведува во соопштението.

Соопштението е потпишано од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, Реис ул Улема Шаќир ефенди Фетаи, скопски бискуп и епарх струмичко г. Кирил Стојановски, супер итенден Марјан Димов и Пепо Леви од Еврејската заедница. бак/ац/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан