• недела, 22 декември 2024

Погба се врати на тренинзите со Јувентус

Погба се врати на тренинзите со Јувентус

Торино, 10 јануари 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба се врати на тренинзите по повредата, објави прес-службата на клубот од Торино.

Јувентус објави фотографии од 29-годишниот Французин како тренира заедно со тимот и изведува вежби.

Погба заработи повреда на коленото на претсезонскиот камп во текот на летото. Во септември беше опериран. Во октомври фудбалерот се врати на тренинзите, но се здоби со оштетување на мускулот, поради што неговото враќање беше одложено на неодредено време.

Во сезоната 2022/23 Погба не одигра ниту еден натпревар, а го пропушти и Светското првенство во Катар. зс/

Остани поврзан