• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Погба: Бев во депресија, почнаа да ми излегуваат рани на главата од стрес

Погба: Бев во депресија, почнаа да ми излегуваат рани на главата од стрес

Торино, 9 април 2025 (МИА) - Некогаш најплатениот светски фудбалер Пол Погба откри шокантни детали за неговата агонија пред и по позитивниот допинг тест. 

Познато е дека доби четиригодишна суспензија, но одлежа само 18 месеци и моментално е без клуб, иако би можел да се врати на терените. Сепак, тој очигледно сè уште има последици од сето она низ кое поминал.

Поранешниот репрезентативец, кој пред четири месеци доби отказ од Јувентус, раскажа се што му се случило и колку страдал во Манчестер, а потоа и за време на неговиот престој во Јувентус.

-Депресија, стрес, физички и психички проблеми, повреди, суспензија поради допинг, осаменост и страдање на играч принуден да биде далеку од фудбалот и теренот, далеку од топката, неговата најголема страст од дете, изјави Погба.

Тој призна дека неиграњето му паднало тешко, толку многу што страдал од депресија и стрес.

-Не разбирав. Бев важен играч во тимот и одеднаш се најдов на клупата. Не можев да зборувам, немаше комуникација. Не бев среќен, а фудбалер кој не е среќен не може да игра добро. Паднав во депресија дури и не сфаќајќи го тоа. Затоа што никој не ме научил што е депресија. Се додека не почнав да добивам рани на главата. Не разбрав зошто. Ми рекоа дека сето тоа е поради стрес, вели Погба.

Неговото име се поврзува со неколку клубови, Марсеј беше најспоменуван, но ништо од тоа.

-Имам понуди. Тие доаѓаат од сите страни, не само од Европа. Сакам да видам што најмногу ми одговара бидејќи сум во клучен период од мојот живот и кариера. Тоа е одлука за која добро ќе размислам, заврши Погба. дс

Фото: Архива

Остани поврзан