• вторник, 17 декември 2024

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар

Повторно ставена во функција модуларната болница во Клиничкиот центар
Скопје, 4 март 2021 (МИА) - Со оглед на тоа што инфективната клиника после еден сериозно долг временски период целосно се исполни, еве денеска веќе ќе започне со работа повторно и модуларната болница. Веќе е подготвен кадарот, којшто сега повторно исто како во месец ноември работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделиенија повторно ја воспоставивме онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на МРТ. Тој посочи дека вакцинацијата од утре ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје, кадешто ќе се користи тамошниот вакцинален пункт. - Имаме резерви, тоа што беше активно во текот на изминатата година во смисла на дополнителни одделенија, дополнителни кревети, целосно сме подготвени ако има потреба да се сместат пациенти таму. Понатаму модуларните болници, сега се речиси сите во функција, има уште неколку кои што треба да се стават во функција на болниците, со тоа многу болници добија нови болнички капацитети. 10.000 квадрати на нови болнички капацитети се подготвени насекаде во државата, потенцираше Филиче. Министерот информираше дека сега и во текот на викендот, заклучно со понеделник или вторник ќе согледаат дали овој раст на пациенти ќе биде тренд и ќе се зголемува и понатаму, што е, како што рече, едното сценарио и еден дел од епидемиолизите сметаат дека ќе се случи или завземе едно плато, затоа останува да видиме. - Се уште има дилема затоа што ударот во болниците не е таков каков што беше лани, меѓутоа сме подготвени да интервенираме доколку треба и со дополнителни мерки, односно рестрикции таму каде што сметаме дека треба да се имплементираат, заклучи Филипче. см/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан