• понеделник, 23 декември 2024

Повторно ракетен напад во близина на аеродромот во Багдад

Повторно ракетен напад во близина на аеродромот во Багдад
Багдад, 23 април 2021 (МИА) - Три ракети синоќа беа истрелани во близина на главниот аеродром во Багдад, област каде се лоцирани американските сили, соопшти денеска ирачката армија. Во погодената област има и затвор и антитерористичка агенција. Во нападот нема човечки жртви. Ирачките безбедносните сили поо нападот демонтиорале и други ракети позиционирани за лансирање на покривот на ненаселена куќа во областа. Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот. Во ракетниот напад во неделата, при што беше погодена американската воздушна база, беа повредени две лица. Во изминатите месеци зајакната е безбедноста во Зелена зона во Багдад, каде се лоцирани Амбасадата на САД и други дипломатски претставништва, како и американската воена база. ми/

Остани поврзан