• сабота, 23 ноември 2024

Повторно протести ширум Франција поради ковид пропусниците

Повторно протести ширум Франција поради ковид пропусниците
Париз, 29 август 2021 (МИА) - Во поголем број француски градови вчера се одржаа протести поради воведување на така наречените здравствени ковид пропусници. Седум саботи по ред во Франција се одржуваат протести, а вечра имаше околу 200 собири од кои четири во Париз, на кои граѓаните покрај ковид пропусниците се изјаснија и против вакцинацијата. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на вчерашните протести учествувале околу 158.000 луѓе., а пред една недла протестирале приближно 175.000 лица. Здравствената пропусница се издава на лица вакцинирани со две дози, прележани или со негативен тест на Ковид-19 и е неопходна за влез во угостителските објекти, музеи и на спортски и културни настани. Противниците на мерките воведени за спречување на ширење на Ковид-19 тврдат дека со тоа се кршат основните слободи, како и оти со ковид пропусницата индиректно се воведува обврзна вакцинација. Во Франција околу 72 проценти од населението е вакцинирано најмалку со една доза, а 64,5 отсто со две дози. ми/

Остани поврзан