• понеделник, 23 декември 2024

Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро

Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро

Скопје, 18 јули 2023 (МИА) – За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар. 

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај Преспанското, додека водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри повисок од просечниот.

Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е понизок од просечниот. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан