• среда, 18 декември 2024

Повторно активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување, активни 15 пожари

Повторно активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување, активни 15 пожари

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека денеска повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош во воздухоплови. 

Тој информира дека денеска имало повеќе од 30 пожари на отворено, од нив 15 се уште активни. Потенцира дека топлото време и ветрот прават проблеми во воспоставување контрола на пожарите.

- За жал, постојано се појавуваат нови и нови пожари. Топлото време и ветрот прават особени проблеми во воспоставување контрола на пожарите, вели Ангелов.

Тојупати апел до сите граѓани кои живеат во полунапуштени села итно да се евакуираат доколку слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Потенцира граѓаните да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана на селото од страна на локалните власти.

- Да не чекаат до последен момент и да не се изложуваат на непотребен ризик по нивниот живот. Нови куќи ќе се направат, но животот на луѓето не може да се врати, апелира Ангелов. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан