• понеделник, 23 декември 2024

Повреден работник од Турција при извршување градежни работи

Повреден работник од Турција при извршување градежни работи

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Х.У. (50) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди при извршување градежни работи на објект во изградба на територија на општина Центар.

Случајот, како што информира МВР, вчера во 10.20 часот бил пријавен во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде Х.У. бил донесен на лекување. 

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје. мд/ев/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан