Повредено лице од струен удар во тетовско
- Во СВР Тетово од Клиничката болница „Тетово“ вчера е пријавено дека кај нив бил донесен С.Х.(40) од Р. Албанија.
Скопје, 1 октомври 2023 ( МИА) - Во СВР Тетово од Клиничката болница „Тетово“ вчера е пријавено дека кај нив бил донесен С.Х.(40) од Р. Албанија со повреди од струен удар.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето се здобило со повреди од струен удар додека изведувало градежни работи во село Лешок, тетовско.
Од МВР укажуваат дека бил извршен увид од екипата од СВР Тетово и известен бил трудов инспектор. љм/ев/
Фото: МИА архива