• вторник, 13 јануари 2026

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип

Штип, 30 декември 2025 (МИА) – Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајната несреќа која се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање, потврдија за МИА од СВР-Штип.

Според првичните информации повредените се хоспитализарни во Општата болница во Кочани.Несреќата се случила меѓу две патнички моторни возила со кочански регистерски таблички. Претходно ОД АМСМ информираа дека од 20.30 часот сообраќајот на магистралниот пат Кочани-Штип е во прекин, а возилата се пренасочуваат кон селото Тракање кон експресниот пат Кочани-Штип. вдј/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан