• понеделник, 23 декември 2024

Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Штип, 27 мај 2024 (МИА) - Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел.

Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката кај Три Чешми. Во тек е увид од страна на јавен обвинител. вдј/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан