• петок, 22 ноември 2024

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

Повредениот во сообраќајката кај Штип кој беше пренесен во Скопје е во стабилна состојба

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Во стабилна состојба е повредениот во сообраќајната несреќа на автопатот Штип - Миладиновци, кој со тешки телесни повреди беше пренесен од штипската Клиничка болница на скопските клиники, изјави за МИА доктор Неџати Јакупи од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

-Повредениот е на возраст од 29 години, во стабилна состојба е, со скршени ребра и контузии на белите дробови. Ќе биде задржан на опсервација неколку дена, рече доктор Јакупи.

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар од патарината кај Кадрифаково, загинаа три женски лица на возраст од 15, 37 и 62 години. Според првични информации, жртвите се во роднинска врска и се превезувале во возило шевролет „калос“ со скопски регистерски таблички, во кое имало уште две лица.

Според СВР-Штип, во несреќата повредени се четири лица. Како дошло до судир меѓу возилата тојота „ланд крузер“ со кочански регистерски таблички и шеворлет „калос“ со скопски регистерски таблички се уште се утврдува од страна на полицијата и јавен обвинител.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека учесници во несреќата се возилата „тојота „ланд крузер“ управувана од возач на 29-годишна возраст, во кое имало и сопатник на возраст од 34 години, при што и двајцата се  повредени и возилото „шеворлет калос“ со скопски таблички управувано од возач на возраст од 45 години, во кое се превезувало и 12-годишно момче и трите жртви.

МИА претходно информираше дека 15-годишното девојче и 62-годишната жена починале на самото место, а 37-годишната жена на пат кон штипската Клиничка болница. Лекарите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно, пред вратата на болницата им подлегнала на повредите.

Во штипската Клиничка болница во моментов се двајца пациенти на кои им се прават лекарски прегледи.

Полицијата и обвинител вршат увид на местото на несреќата, а сообраќајот се одвива по стариот регионален пат. вг/вдј/

 

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан