• четврток, 09 мај 2024

Повозрасен маж починал во пожар во куќа во струшко Октиси

Повозрасен маж починал во пожар во куќа во струшко Октиси

Струга, 5 април 2023 (МИА) - Осумдесет и четири годишно лице од струшкото село Октиси утрово починал при пожар во куќата на неговиот син.

СВР Охрид денеска соопшти дека во ОВР Струга било пријавено дека во 3 часот и 30 минути во селото Октиси, настанал пожар во куќа сопственост на М.М.

- Од здобиените повреди во пожарот починал И.М.(84) од истото село, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира портпаролот Стефан Димоски.

Пожарот го изгаснала екипа на Територијалнаата противпожарна единица од Струга, а увид извршиле полициски екипи. сс/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан