• понеделник, 01 јули 2024

Повик на УСС на УКИМ за поднесување апликации за проекти и научни трудови

Повик на УСС на УКИМ за поднесување апликации за проекти и научни трудови
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - До 3 декември 2022 трае пријавувањето апликации за проекти и научни трудови за студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Универзитетското студентско собрание на УКИМ во повикот наведе дека оваа година сакаат да ја потенцираат важноста од пишување научни трудови и предлог-проекти од студентите и веруваат дека УСС на УКИМ ќе биде точката од каде ќе почне повеќе да и се дава значење на научно-истражувачката дејност во земјава.
Апликациите треба да се пријавуваат до 12 часот на 3 декември 2022, на електронската адреса: studentsko.sobranie@ukim.edu.mk
По затворање на пријавувањето, апликациите ќе бидат разгледани од Комисијата за наука при УКИМ и УСС и избраните ќе бидат презентирани на конференција што  УСС на УКИМ ќе ја организира во текот на летниот семестар. хс/сп/

Остани поврзан