• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 9.500 мигранти го преминале или се обиделе илегално да го преминат Ла Манш во 2020 година

Повеќе од 9.500 мигранти го преминале или се обиделе илегално да го преминат Ла Манш во 2020 година
Париз, 8 јануари 2021 (МИА) - Повеќе од 9.500 мигранти го преминале или се обиделе илегално да го преминат Ла Манш во 2020 година за да стигнат до Велика Британија. Ова е четири пати повеќе отколку во 2019 година, објавија денеска француските власти. Мигрантите кои влегуваат во Европа долго време се обидуваа да стигнат до Велика Британија со убедувањето дека им се најдобри шансите да обезбедат азил или престој, што предизвикува сe поголем број да го направат патувањето преку опасните води на зафатената лента за превоз. „Во 2020 година се  регистрирани 868 инциденти со обиди или преминување мигранти со брод, во кои учествувале 9.551 мигрант“, соопшти поморскиот орган одговорен за Ла Манш и Северното Море. Шест лица загинаа, а тројца исчезнаа, наспроти четири смртни случаи во 2019 година, кога беа откриени само 203 премини или обиди - што е четирикратно зголемување од бројот во 2018 година. Франција и Велика Британија потпишаа нов договор во ноември во насока на затворање на рутата преку зголемени патроли и употреба на радар и беспилотни летала за побрзо забележување на чамците. Групите за помош велат дека во моментов околу 1.000 мигранти се во лоши кампови во близина на северното француско пристаниште Кале, каде полицијата редовно упаѓа. паг/

Остани поврзан