• вторник, 05 ноември 2024

Повеќе од 80 жени и деца на џихадисти се вратија од Сирија во Киргистан

Повеќе од 80 жени и деца на џихадисти се вратија од Сирија во Киргистан

Бишкек, 22 октомври 2023 (МИА) - Властите на Киргистан денеска соопштија дека е извршена репатријација на 83 жени и деца на џихадисти од камповите во Сирија. Тоа е нова операција од ваков вид за оваа централноазиска земја, регион од каде илјадници луѓе се приклучија на џихадистичките организации.

Група киргистански државјани, 21 жена и 62 деца, денеска се префрлени од Сирија, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Бишкек.

Киргистанските власти денеска им се заблагодарија на Соединетите Американски Држави, УНИЦЕФ и Црвениот крст за помошта во оваа операција.

Киргистан, поранешна советска република која се граничи со Кина, врати повеќе од 300 свои граѓани од Сирија или Ирак во март 2021 година, потоа во февруари, август и октомври 2023 година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан