• недела, 22 декември 2024

Повеќе од 600.000 луѓе на Куба се погодени од недостиг на вода

Повеќе од 600.000 луѓе на Куба се погодени од недостиг на вода

Хавана, 13 септември 2024 (МИА) - Повеќе од 600 илјади луѓе на Куба, или приближно секој 20-ти од 10-те милиони жители, имаат проблеми со снабдувањето со вода, објавија денеска британските медиуми.

Хавана е најтешко погодена од недостигот на вода, а властите ги обвинуваат уништената инфраструктура и тековниот недостиг на гориво за последиците од економската криза која речиси ја банкротирала земјата.

Честите прекини на струја само ги влошуваат работите.

Економијата на Куба е погодена од неколку фактори, вклучително и пандемијата на корона вирусот, заострените американски санкции, лошото владеење и корупцијата.

Социјалната и економската криза се смета за една од најлошите од револуцијата на кубанскиот лидер Фидел Кастро во 1959 година, што доведе до рекорден егзодус на кубански мигранти во последните две години. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан