Повеќе од 200.000 домаќинства во Шпанија останаа без електрична енергија поради бурата Глорија
- Приближно 220.000 домаќинства во Жирона останаа без електрична енергија откако бурата Глорија ја зафати Шпанија
Мадрид, 21 јануари 2020 (МИА) – Приближно 220.000 домаќинства во Жирона останаа без електрична енергија откако бурата Глорија ја зафати Шпанија.
Последните денови поради бурата и снежните врнежи во Шпанија загинаа најмалку четири лица, а над 20 лица се повредени.
Шпанската метеоролошка служба предупреди дека од невремето ќе бидат погодени голем број провинции на североисточниот дел на Шпанија. ез/ми/