• петок, 05 декември 2025

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

Триполи, 20 мај 2025 (МИА) – Најмалку 160 лица загинаа, а 234 се исчезнати на медитеранската рута од почетокот на годината до 17 мај, соопшти Меѓународната организација за миграции во Либија.

Исто така, објавено е дека во истиот период 8.665 мигранти се фатени на море и вратени во Либија, пренесе Анса.

Од нив 7.369 се мажи, 895 жени, 296 малолетници, а за 105 лица не е познато од кој пол се. јт/

Остани поврзан