• петок, 22 ноември 2024

Повеќе од еден милион луѓе во Квебек останаа без струја поради ледена бура

Повеќе од еден милион луѓе во Квебек останаа без струја поради ледена бура

Квебек, 6 април 2023 (МИА) - Повеќе од еден милион луѓе во Квебек утрово останаа без струја откако синоќа на југоисточниот дел на Канада падна замрзнат дожд, а силните ветрови урнаа дрвја врз повеќе далноводи.

Во текот на ноќта и утринава, 1.000 работници се обидуваа да ја вратат електричната енергија, соопшти Хидро-Квебек. Компанијата предупреди дека се можни нови прекини.

„Уверени сме дека денес ќе успееме да ја вратиме електричната енергија на некои од засегнатите корисници“, се вели во соопштението на Хидро Квебек. „За жал, некои корисници се очекува да бидат без струја утре и во текот на викендот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, кој денеска требаше во Монтреал да го претстави буџетот на својата влада, понуди да обезбеди федерална помош доколку е потребно.

Според енергетскиот провајдер, Монтреал е меѓу најтешко погодените од прекините на електричната енергија по ледената бура.

„Во мислите со сите погодени од вчерашното невреме во Квебек и источен Онтарио и благодарност до екипажот што ги расчистува патиштата и ја враќа струјата“, напиша Трудо на Твитер. ссм/

фото: Јутјуб принтскрин

Остани поврзан