• сабота, 23 ноември 2024

Повеќето компании во Словенија размислуваат да ја зголемат работата од дома на долг рок

Повеќето компании во Словенија размислуваат да ја зголемат работата од дома на долг рок
Љубљана, 26 октомври 2020 (МИА) – Повеќето компании во Словенија размислуваат долгорочно да го зголемат работењето од дома и по пандемијата на коронавирусот, покажа истражување спроведено од консултантската куќа Кирни (Kearney) во соработка со АмЧам (AmCham) во Словенија. Компаниите исто така покажаа поголем оптимизам отколку за време на првиот бран на Ковид-19 оваа пролет, пренесува СТА. Истражувањето, спроведено во септември и октомври, покажа дека 96 проценти од компаниите опфатени со студијата размислуваат да го зголемат обемот на работа од дома и по пандемијата. Во споредба со истражување спроведено на пролет, компаниите покажале и поголем оптимизам кога станува збор за прогнозите за нивниот бизнис. Меѓу компаниите опфатени со истражувањето, 81 процент целосно се согласуваат со тврдењето дека ќе ја зголемат работата од дома во иднина, што е за 31 процент повеќе отколку на пролет. Вкупно 12 проценти од компаниите делумно се согласуваат со оваа изјава, додека 65 проценти очекуваат натамошно зголемување на дигиталните форми на работа. Зголемување на продажбата преку интернет регистрирале 82 проценти од компаниите опфатени со истражувањето. Со студијата биле опфатени 48 компании. јт/

Остани поврзан