• четврток, 03 октомври 2024

Повеќенаменското игралиште во село Нова Маала готово до крајот на овој месец

Повеќенаменското игралиште во село Нова Маала готово до крајот на овој месец
Струмица, 23 август 2021 (МИА) - Во селото Нова Маала Општина Василево ја привршува изградбата на повеќенаменското игралиште и се очекува да биде завршено до крајот на овој месец. Како што информираат од локалната самоуправа игралиштето ќе биде оградено, опремено со кошеви и голови и осветлено. За изградба на ова игралиште се потрошени околу три милиони денари и истите се целосно обезбедени од општинската каса. Според најавите од Општината игралиштето треба да биде предадено во употреба до крајот на овој месец. рт/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан