• петок, 20 декември 2024

Победнички старт на Ѓорческа во Севиља

Победнички старт на Ѓорческа во Севиља
Севиља, 19 октомври 2021 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа очекувано денеска ја мина првата пречка на турнирот во шпанскиот град Севиља совладувајќи ја домашната претставничка Алба Реј Гарсија со 2-0 во сетови. Ѓорческа (279 на ВТА листата) го реши во своја корист првиот сет во тај-брек со 15-13, по што во вториот сет беше поубедлива, препуштајќи и на 890-рангираната светска тенисерка два гема. Во второто коло Ѓорческа утре за противничка ја има Мартина Ди Џузеое од Италија (283).ег/дма/

Остани поврзан