• понеделник, 01 јули 2024

Победа на ЖКК „Крива Паланка“ за атак на друштвото на четирите најдобри

Победа на ЖКК „Крива Паланка“ за атак на друштвото на четирите најдобри
Крива Паланка, 30 јануари 2022,( МИА) - Со денешната победа на кошаркарките од Крива Паланка на домашен терен против екипата на кавадаречки „Пробаскет“, клубот се зацврсти на петтата позиција на Прволигашката табела во домашното првенство, од каде што ќе го нападне друштвото на најдобрите четири екипи, со цел учество во плејоф завршницата. „Пробаскет“ на гостувањето кај паланчанки настапи со три нови засилувања, но и тие не беа доволни за победа над КК „Крива Паланка“, кој одигра добра одбрана. - Оваа сезона првата женска лига во државата е речиси двојно посилна од минатата, а сите екипи имаат соодветни засилувања, дел од искусни домашни кошаркарски имиња, дел странски со богато интернационално искуство. Нашиот состав важи за еден од најмладите во првата А лига и настапува со околу 90 отсто младинки исклучиво од сопствената кошаркарска школа, така што најголема придобивка е што тие собираат огромно искуство, а се разбира потоа и резултатот. Од оваа позиција ќе работиме со силно темпо за постигнување уште подобри резултати, изјави претседателот на КК „Крива Паланка“, Ведран Белешковски. Во наредното коло екипата на КК „Крива Паланка“ гостува кај актуелниот шампион во лигата, ЖКК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица. ид/сп/

Остани поврзан