• недела, 22 декември 2024

Победа и реми за македонските селекции во 7 коло на шаховската Олимпијада

Победа и реми за македонските селекции во 7 коло на шаховската Олимпијада

 

Будимпешта, 18 септември 2024 (МИА) – Седмото коло на 45 шаховска Олимпијада во Будимпешта донесе триумф на македонската машка репрезентација над Швајцарија, а дамите ремизираа со Тринидад и Тобаго.

Шахистите ја совладаа Швајцарија со 2.5-1.5 о со тоа ја забележаа третата победа во серија.

На женскиот олимписки турнир, македонските шахистки одиграа 2-2 против Тринидад и Тобаго и со тоа го запишаа третото едноподруго реми.

Шаховската Олимпијада продолжува в четврток со осмото коло, а турнирот во Будимпешта ќе заврши в недела. ег ФОТО: ШФМ

Остани поврзан