• недела, 22 декември 2024

ПМФЛ: Струга со победа ја почна одбраната на титулата

ПМФЛ: Струга со победа ја почна одбраната на титулата

 

Скопје, 11 август 2024 (МИА) – Бранителот на титулата Струга со победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), совладувајќи го вечерва Тиквеш на домашен терен со минимални 1-0.

Стартни победи запишаа и Шкендија на гостински терен против Беса (3-1) и Работнички пред своите гледачи против Силекс (1-0).

Шкупи и Воска одиграа нерешено 3-3, а без победник заврши дуелот во Битола меѓу Пелистер и Гостивар (1-1).

Премиерното коло од 33. сезона во македонскиот прволигашки фудбал ќе биде комплетирано вечерва по одигрување на дуелот меѓу Брера Струмица и Вардар. ег

Остани поврзан