• понеделник, 19 август 2024

ПМФЛ: Струга со два од два

ПМФЛ: Струга со два од два

Струга, 18 август 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ попладнево забележа победа на домашен терен против Беса. За стружани ова е втора победа на стартот на шампионатот и се единствени со максимален ефект.

Резултати на попладневните натпревари од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига:
Гостивар – Шкупи 2:0
Шкендија – Работнички 1:1
Силекс – Брера Струмица 4:0
Струга – Беса 1:0
Тиквеш – Воска Спорт 2:1.

Вечер од 20 часот играат Вардар и Пелистер.

Струга е лидер на табелата со 6 бодови, пред Шкендија, Гостивар и Работнички со по 4 бода. зс/

Фото: ФК Струга

Остани поврзан