• петок, 22 ноември 2024

„Плејбојот“ Џанлука Ваки го покажа својот луксузен дом

„Плејбојот“ Џанлука Ваки го покажа својот луксузен дом
Рим, 18 февруари 2022 (МИА) - Италијанскиот милионер и „плејбој“ Џанлука Ваки, познат со своите 54 години и како „најсекси дедо на светот“, се пофали со својот луксузен имот „L'Eremito“, за којшто вели дека напорно работел цел живот. „Како дете сонував за ваква куќа. Цел живот работев за да го претворам мојот сон во реалност", напиша тој на почетокот на видеото на Инстаграм. - „Тука ги носам најважните одлуки за мојот живот“, објаснува тој, покажувајќи кон фудбалскиот и тенискиот терен. Неговите иницијали се испишани на теренот за тенис. „И сега едвај чекам да ги видам нашите деца како трчаат низ ова магично место“, вели Џанлука на крајот од видеото пред да ја бакне својата жена. Неговата партнерка Шерон Фонсека е 28 години помлада од него, а во октомври 2020 година парот доби ќерка. Според „Дејли мејл“, Ваки „тежи“ околу 300 милиони долари. Тој има 22 милиони следачи на Инстаграм.  си/

Остани поврзан