• понеделник, 23 декември 2024

Плеврис: Комбинацијата грип и Ковид-19 може да создаде притисок врз здравствениот систем

Плеврис: Комбинацијата грип и Ковид-19 може да создаде притисок врз здравствениот систем
Атина, 5 септември 2022 (МИА) – Порастот на случаи на грип во комбинација со случаите на Ковид-19, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, создава загриженост дека може да се создаде притисок врз здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека грипот е во пораст и затоа заедно со експертите ја разгледуваат коегзистенцијата на грипот и коронавирусот и „постои поголема загриженост дека може да постои притисок врз здравствениот систем“. Објасни дека во изминатите години со мерките за Ковид-19 како што е употребата на маска, беше ограничено и ширењето на грипот, а веќе се во разговори со компаниите за вакцините против грип да пристигнат порано. Во однос на ажурираните вакцини против Ковид-19 што ќе заштитуваат и од варијантата Омикрон, истакна дека очекуваат да пристигнат во следните седмици. Говорејќи за пандемијата уште еднаш повтори дека сега засега не е потребно да се преземат никакви мерки, а за почетокот на учебната година, следниот понеделник, потенцираше дека и училиштата треба да се вратат во нормала, без задолжителна употреба на маска и без тестови. ср/

Остани поврзан