• понеделник, 23 декември 2024

Плеврис: Ако некој не примил трета доза во рок од седум месеци, независно од возраста, ќе се смета за невакциниран

Плеврис: Ако некој не примил трета доза во рок од седум месеци, независно од возраста, ќе се смета за невакциниран
Атина, 5 јануари 2022 (МИА) – Сертификатот за вакцинација ќе истекува по седум месеци и без примена трета доза во овој временски период, лицето, без разлика на возраста, ќе се смета за невакцинирано, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Оваа мерка веќе важи за граѓаните во Грција со наполнети 60 години, а според Плеврис, набргу одлуката ќе се прошири за сите, независно од возраста. - Ако се поминати седум месеци и не е примена бустер дозата, ќе истекува сертификатот. Ова ќе го соопштиме во следните денови, бидејќи треба да имаме јасен датум. Тоа може да биде од 31 јануари до 15 февруари, односно во првата половина на февруари, рече Плеврис и објасни дека за да се соопшти конкретната мерка со конкретен датум на истекување на важноста на сертификатот, потребно е за граѓаните кои се вакцинирале пред седум месеци да имаат пристап до вакцината за бустер доза. ср/паг/

Остани поврзан