• понеделник, 23 декември 2024

Плаќајте брзо и безбедно со ProPay мобилниот паричник на ПроКредит Банка

Плаќајте брзо и безбедно со ProPay мобилниот паричник на ПроКредит Банка
Број на објава:647/02/21 Датум: 25.02.2021 Клучни зборови:ПроКредит Банка    ПроКредит Банка е повторно чекор пред другите, кога станува збор за континуирано следење на светските трендови и воведување на нови функционалности во нашата дигитална банкарска платформа, се со цел олеснување на користењето на банкарските услуги на клиентите. Од денес, за клиентите на ПроКредит Банка е достапен Мобилниот паричник кој овозможува едноставно вршење на брзи, и безбедни трансакции на ПОС терминалите во земјата и во странство. Сè што треба да направите е да го отклучите екранот на Вашиот телефон и да го држите телефонот близу до ПОС-терминалот. Со Мобилниот паричник, мобилниот телефон станува средство за плаќање на клиентот, со што се заменува потребата од користење на готовина или пак платежни картички. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате Mastercard платежните картички издадени од ПроКредит Банка во мобилниот паричник ProPay . Ова е најновиот од низата дигитални услуги и продукти кои ПроКредит банка, во чекор со најсовремените светски банкарски трендови и технологии го овозможува за своите клиенти. ProPay мобилниот паричник се инсталира со бесплатно преземање на мобилната апликација на ПроКредит Банка од Google Play Store на мобилен уред со Andorid оперативен систем, кој поддржува NFC технологија. Платежните Mastercard картички на ПроКредит Банка може едноставно да се дигитализираат во мобилниот паричник и безбедно да се чуваат во смартфонот. Инсталирањето на мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни. „Неодамна Мастеркард во С.Македонија и во регионот успешно ги претстави мобилните паричници и најнапредните технолошки решенија за плаќање, како партнер по избор за многу компании на глобално и локално ниво од областа на финтек и телекомуникациските индустрии. Горди сме што можеме да Ви го претставиме мобилниот паричник ProPay на ПроКредит Банка, уште еден новитет од богатото портфолио на дигитални услуги овозможени од технологијата на Mastercard МДЕС (MDES). Корисниците на Mastercard картичките со користењето на мобилниот паричник ќе уживаат во најбезбедниот, непречен и брз начин на плаќање и префрлање на средства, дополнително оваа придобивка е и одржливо решение за грижа кон нашата животна околина и ресурсите. ” - изјави Вања Манова, одговорен менаџер на Mastercard за Бугарија, С. Македонија, Албанија и Косово. Мобилниот паричник ги заменува физичките картички како најнапреден технолошки начин на плаќање, благодарение на технологијата Mastercard’s MDES (Mastercard Digital Enablement Service). Ова иновативно решение за дигитални плаќања ги прави трансакциите побрзи и им овозможува на клиентите полесен начин за купување и плаќање со разни поврзани уреди преку опцијата доближете, допрете и кликнете. Дигиталниот паричник не е само лесен за употреба, туку е и сигурен. Високо безбедната технологија им дава сигурност на клиентите кога ја користат за извршување на бесконтактни трансакции. Сименте ја апликацијата од Google PlayStore на линкот. МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан