• четврток, 21 ноември 2024

Платформа за едукација на млади за превенција од појава на радикализација

Платформа за едукација на млади за превенција од појава на радикализација
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Неколку граѓански организации иницираа создавање платформа каде преку едукација на младите ќе се работи на превенција од појава на радикализација. Оваа активност е главна цел на тригодишниот проект „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација“. Како што информираат од тимот, целта на овој проект е да се изгради платформа на граѓански организации кои заедно ќе работат со младите и ќе ги насочуваат кон позитивни вредности и активности како средство против радикализација која може да води до насилен екстремизам. Досега се одржани три работилници на кои се разговарало за контра-наративите и алтернативни наративи за спречување на радикализација што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам и за улогата на граѓанските организации во превенција од радикализација. Во рамки на проектот изработена и основна студија за состојбата со радикализација на младите, насилниот екстремизам и тероризам во Северна Македонија од страна на експертот Елена Миленкоска – Михаиловска. Проектот е во партнерство со организациите Нексус – Граѓански концепт, Здружението за развој и активизам – Аква од Струга, Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово и организацијата Градење на заедницата од Митровица – Косово.свс/са/

Остани поврзан