• недела, 21 април 2024

Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово одбележа 99 години постоење со тура до Лешница

Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово одбележа 99 години постоење со тура до Лешница

Тетово, 27 март 2024 (МИА) - По повод 99 годишнината на планинарски Клуб „Љуботен“, во неделата се реализираше планинарска тура кон Лешница. Околу 100 учесници преку оваа планинарска тура го прославија роденденот на клубот.

-Променливото време не ги тргна насмевките на лицата на сите кои учествуваа на вчерашната тура.  Се движевме на релација с. Бозовце – Долна Лешница – с. Бозовце со посета на кадите на Кривошијска Река. П.К. „Љуботен“ им благодари на сите учесници на роденденска тура и им посакува уште многу заеднички дружења по сите планини во Македонија, информираа од ПК Љуботен.

Освен членовите на клубот и љубители на планината од Тетово, на турата беа и гости планинари од Скопје, Куманово, Крушево и членовите на планинарскиот клуб „Картуш“ од Прилеп.ас/са/

Фото: ПК Љуботен

Остани поврзан