Плакиотакис: Мигрантските бранови зголемени за 50 отсто во споредба со 2020 година
- Во споредба со лани имаме тројно поголем притисок, а во споредба со 2020 година, кога кулминираше инструментализацијата на мигрантското прашање, мигрантските бранови се зголемени за 50 отсто,
Атина, 1 јули 2022 (МИА) – Во споредба со лани имаме тројно поголем притисок, а во споредба со 2020 година, кога кулминираше инструментализацијата на мигрантското прашање, мигрантските бранови се зголемени за 50 отсто, рече министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Плакиотакис истакна дека постои притисок и на копнената и на морската граница, а досега, крајбрежната служба на Грција спречила околу 15.000 нелегални обиди за влез во земјата.
За обвинувањата дека постојат насилни враќања на мигрантите, односно „pushbacks“, надлежниот министер објасни дека се врши истрага „и на национално и на европско ниво и досега не е потврдено ниту едно од овие обвинувања“.
-Припадниците на крајбрежната служба работат одлучно, со апсолутно почитување на меѓународното право и со приоритет заштитата на човечкиот живот. Припадниците на крајбрежната служба надминувајќи се себеси, од 2015 година до денес спасија десетици илјади лица, истакна Плакиотакис. ср/ссм/