Питу – симболот на континуитетот на отпорот и идеалот за слободна Македонија
- Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Кузман Јосифоски-Питу, еден од најистакнатите македонски народни херои и организатори на Народно - ослободителната борба.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите и визијата на Кузман Јосифоски-Питу, еден од најистакнатите македонски народни херои и организатори на Народно - ослободителната борба.
Роден е во Прилеп во 1915 година. Бил активен член на Комунистичката партија на Југославија и учествувал во организирањето на отпорот против бугарската фашистичката окупација.
-Неговата дејност се протега од студентските движења во Белград, преку партизанските активности во западна Македонија, до неговото учество во Главниот штаб на НОА и партизанските единици. Питу бил убиен во Скопје во 1944 година, а на 2 август 1945 е прогласен за Народен херој на Југославија. Неговото име денес го носат училишта, улици и институции низ Македонија, се наведува во соопштението за проектот. вг/
Фото: Архива