• вторник, 05 ноември 2024

Писториус предупреди за опасностите од руското повторно вооружување

Писториус предупреди за опасностите од руското повторно вооружување

Вилнус, 26 септември 2024 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во говор пред литванскиот Парламент предупреди за опасностите од руското повторно вооружување.

- Сведоци сме како Русија забрзано го зголемува производството на оружје и драматично ги зголемува своите вооружени сили. Сето ова не остава сомнеж: за Русија, за Русија на [рускиот претседател Владимир] Путин, Украина е само почеток, рече овој социјалдемократски политичар во главниот град на Литванија, Вилнус.

Тој, исто така, увери: „Германските вооружени сили се подготвени да станат централен столб на конвенционалното одвраќање и одбрана во Европа“.

Во овој контекст, тој ја истакна улогата на центарот за брз трансфер на војници од Атлантикот на источното крило на НАТО. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан