• четврток, 03 октомври 2024

Писмо бомба експлодира во банка во Амстердам

Писмо бомба експлодира во банка во Амстердам
Амстердам, 13 февруари 2020 (МИА) – Писмо бомба денеска експлодира во канцеларија на ИНГ банката во Амстердам, но никој не е повреден, соопшти портпаролката на банката. Таа прецизира дека имало мала експлозија. Полицијата соопшти дека на лице место дошло амбулантно возило затоа што едно лице вдишало чад. Оваа недела, повеќе писма бомби беа испратени на различни адреси во земјата. Вчера експлодираа две писма бомби во пошти во Амстердам и Керкрад, а полицијата соопшти дека мотивот е изнуда. јт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан