• четврток, 19 декември 2024

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

За сите љубители на кинеската кујна ...

Потребно е: половина главица зелка, исечкана на ленти 1 главица кромид, исечкан на полумесечинки 2 парчиња морков, изрендани 1 мала главица брокула, расцветана 1 мало парче ѓумбир, излупено и изрендано 1 парче пилешки гради, исечкано на долгнавести парчиња 300 г нудли (кинески тестенини), сварени 1 лажица масло од сусам 1 лажица соја сос 1 лажица ворчестер сос 2 лажици кечап 1 лажица шеќер

Подготовка: - Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го ѓумбирот да се пропржи многу кратко, 30 секунди.

- Потоа, ставете го пилешкото и пржете го околу 5-8 минути.

- За тоа време сварете ги нудлите.

- Потоа, додадете ги зелката, морковот, брокулата, ставете малку вода и динстајте додека да омекнат сите зеленчуци. Повремено мешајте.

- Кога зеленчукот ќе биде мек, додадете ги нудлите и соја сосот, маслото од сусам, ворчестер сосот и зачинете со бибер и шеќер.

- Измешајте убаво и оставете малку да се спојат сите состојки.

Остани поврзан