• понеделник, 23 декември 2024

Пикси останува селектор на Србија до 2026 година

Пикси останува селектор на Србија до 2026 година

Белград, 14 март 2024 (МИА) - Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФФС), Драган Џајиќ изјави дека очекува ФФС да го продолжи договорот со тренерот Драган Стојковиќ Пикси до 2026 година.

-Деновиве се зборуваше за тоа, очекувам дека ќе потпишеме договор со Стојковиќ до 2026 година. Потребен е континуитет, мислам дека тоа е логичен, нормален и очекуван епилог, изјави Џајиќ.

Србија на 21 март во Москва ќе одигра пријателски натпревар против Русија, а четири дена подоцна „орлите“ ќе се сретнат со Кипар во Ларнака. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан