• сабота, 06 декември 2025

Пиволенд 2022 во Скопје „Дојди, Види, Испиј!“

Пиволенд 2022 во Скопје „Дојди, Види, Испиј!“
Скопје, 3 септември 2022(МИА) -  На плоштад „Македонија“ од денеска до 7 септември ќе се одржи Пиволенд 2022 - Дојди, Види, Испиј!“. Првичниот термин за манифестацијата  беше од  31 август до 4 септември, но беше променет поради големото невреме што го зафати  Скопје. -Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“, известуваат организаторите.

Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. 

ир/лв/

Остани поврзан