Пејачката на „АББА“ Агнета Фелцког најави соло-песна
- „Светската премиера на песната е на „Би-би-си рејдио 2“. Вклучете се в четврток на 31 август во 8:30 часот“, објави Фелцког.
Стокхолм, 30 август 2023 (МИА) - Агнета Фелцког, пејачка на шведската поп-група АББА, ја најави својата нова, овојпат соло-песна, под наслов „Where Do We Go From Here?“ (Каде одиме ние одовде?)“.
„Светската премиера на песната е на „Би-би-си рејдио 2“. Вклучете се в четврток на 31 август во 8:30 часот“, напиша Фелцког на Инстаграм.
„АББА“ е основана 1972 година, а последниве години членовите, по подолга пауза, повторно се обединија и одржаа неколку концерти. Групата се здоби со светска популарност во 1974 година, кога победи на „Евровизија“ со песната „Waterloo“. си/сд/
Фото: Википедија.