• недела, 22 декември 2024

Пешиќ останува селектор на Србија

Пешиќ останува селектор на Србија

Белград, 19 октомври 2024 (МИА) - Легендарниот кошаркарски тренер, Светислав Пешиќ ќе продолжи да ја извршува функцијата селектор на српската репрезентација, пишуваат денеска медиумите кај нашиот северен сосед.

Пешиќ минатата година со „орлите“ освои сребро на Мундобаскетот, а пред неколку месеци ја освои бронзата на Олимписките игри, по што му истече договорот.

Сепак, новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ успеа да го убеди трофејниот стручњак да остане на клупата на репрезентација до крајот на Европското првенство кое е закажано за следната година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан